САД: Иран се уште го спонзорира тероризмот

Иран се уште е меѓу земјите што го спонзорираат тероризмот, според САД. Ова го покажува годишниот извештај на Стејт департментот, цитиран од АП.

Според документот, Техеран сака да ги дестабилизира владите на Блискиот Исток.

Ова се гледа во Јемен, Либан, Ирак и други земји.

Односите меѓу двете земји се заострија откако претседателот Доналд Трамп дојде на власт .

Тој веднаш  повика политиката на Вашингтон да се зацврсти во однос на Иран.

САД веќе се повлекоа од нуклеарната спогодба со режимот на ајатоласите како обид да ги попречат нуклеарните амбиции на Техеран.