САД испраќаат дополнителни сили во Сирија на нафтоносните полиња

93

Американското министерство за одбрана испраќа дополнителни сили и средства во североисточна Сирија за заштита на нафтение полиња од милитантите на терористичката групација Исламска држава, се наведува во објавата од четвртокот на Пентагон.

„Соединетите држави ги зајакнуваат своите позиции во координација со партнерите од SDF (арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили – з.р.) со дополнителни воени сили и средства за да се спречи враќањето на овие нафтени полиња во рацете на Исламскаа држава или други дестабилизирачки субјекти“, се истакнува во соопштението.

„Едно од најзначајните достигнување на САД и на нашите партнери во борбата против Исламската држава беше ставањето под контрола над нафтоносните полиња во источна Сирија, најважниот извор на приходи за Исламската држава“, додава службата за односи со јавноста на американското министерство за одбрана.

Од Пентагон, исто така, укажуваат дека борбата со терористите продолжува. „Мораме да ја лишиме Исламската држава од овој извор на приходи, за да ја гарантираме неможноста од нејзино заживување“, заклучуваат од Пентагон.

Претрходно седмицава американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили нема да дозволат ,милитантите да ја вратат контролата нврз нафтените полиња во североисточна Сирија и оти има намера да ги стави под контрола на САД, а подоцна да одлучи што ќе се прави со нив.

Весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на воени извори пренесе во четвртокот вечерта Белата куќа по сугестија на воениот врв планирала да задржи 500 американски војници во делови од североисточна Сирија за заштите на нафтоносните полиња, како и дека за поддршка на овие единци ќе бдиат испратени повеќе тенкови.

Овие најави доаѓаат откако се очекува дека претседателот Трамп наводно ќе го промени својот план за повлекување на американските трупи од Сирија и одобрување на новиот план за задржување на неколку стотици американски војници во североисточниот дел на земјата за да им се помогне на курдските сојузници да ја задржат контролата над нафтените наоѓалишта.

Минатата недела весникот The New York Times цитираше висок официјален претставник на администрацијата на Трамп дека претседателот се потпира на новиот план на Пентагон да го задржи контигентот на силите за специјални операции во неколку бази во источна Сирија, од кои некои се во близина на ирачката граница.

Овој план, покрај што е насочен, како што вели Вашингтон за оневозможување на заживувањето на џихадистичката Исламска држава, треба да им помогне и на курдските борци да ја задржат контролата врз источнисте сириски наоѓалишта на нафта и да ги спречат сириските владини сили да ја повратат контролата врз територијата заземена од странските трупи и нивните локални сојузници.

Аналитичарите оценуваат дека по критиките против Трамп за најавеното повлекувњето на американските сили од Сирија, новиот план е обид на Вашингтон да попречи приближување на сириските Курди и владата во Дамаск кои веќе постигнаа договор за предавање на некои погранични градови во рацете на сириската армија, како и да се спречи враќањето на контролата врз нафтоносните полиња од страна на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.