САД истражуваат нов смртен случај и хоспитализација по вакцинирање со „J&J“

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) ја истражува смртта на жена од сојузната држава Орегон и хиспитализирањето на друга жена во државата Тексас по примањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Johnson&Johnson“ („J&J“), потврдија здравствените власти.

Советниците на CDC треба да се сретнат подоцна во петоот и да расправаат дали е безбедно да се продолжи со користењето на вакцината на „Johnson&Johnson“ коешто за разлика од другите вакви препарати против Covid-19 се дава во една, додека највисоките здравствени авторитети во земјата се подготвуваат да ја одобрат оваа вакцина.

„Важно е да не се заборава дека само затоа што нешто се пријавува, не мора нужно да значи дека е предизвикано од вакцината или поврзано со неа“, изјави Имелда Гарсија од здравствениот оддел на Тексас, пренесе весникот The Austin American-Statesman.

Од CDC обил известивање за случајот од Орегон во вторникот, а од Тексас во среадата, потврдиле здравствените функционери на двете американски сојузни држави.

Жената од Орегон, во 50-те години од животот, ја примила вакцината на „Johnson&Johnson“ пред да биде запрена употребата на овој препарат, соопшти државниот здравствен оддел. Развила „ретко но сериозно крвно згрутчување во рок од два дена по вакцинирањето, забележано во комбинација со многу ниски тромбоците“, баведива Здравствната управа на Орегон (OHA) и додава дека истрагата сѐ уште се спроведува.

Жената од Тексас, којашто ја примила истата вакцина, била хоспитализирана поради слуични симптоми како и шесте лица во САД кај коишто недоамна се создале крвни згрутчувања, сооошти портпаролот на здравствениот оддел на сојузната држава.

Двете сојузни држави потврдеа дека новите случаи се одвоени од претходните шест.

Американските здравствени агенции минатата седмица препорачаа да се прекине со употребата на вакцината на „Johnson&Johnson“ порди шесте ретки случаи на крвно згрутчување на околу седум милиони лица кои ја примиле оваа вакцина.

Европската агенција за лекови (EMA) соопшти во вторникот дека постои можна поврзаност меѓу вакцината на „Johnson&Johnson“ и случаите на згрутчување на крвта кај возрасните лица кои се вакцинирале во САД, но додаде дека ползата од вакцина е поголема од ризикот.