САД ја блокираат израелската испорака на дванаесетте „F-16“ за Хрватска

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го блокира договорот за продажба на Израел на 12 американски борбени авиони од типот „F-16“ на Хрватска, пишува во петокот интернет изданието Axios повикувајќи се на израелски функционери.

Хрватската влада во март годинава донесе одлука за купување 12 борбени авион од типот „F-16 Barak“, стари треисетина години. Претходно во летото минатата 2017 година Загреб испрати барање за набавка на авионите во пет држави, и тоа САД, Шведска, Грција, Јужна Кореја и Израел. Во октомври минатата година беа отворени понудите и израелската беше избрана како најповолна.

Во март годинава, исто така, израелскиот премеир Бенјамин Нетанјаху ја потврди зделката во вредност од 500 милиони американски долари. Според договорот, Хрватска од Израел ќе ги купи борбените авион, произведени во САД но модерницирани во европски држави.

Од договорот, според написот, незадоволни се САД, бидејќи и тие учествувале на тендерот. Американските власти тврдат дека Израел не може да ги продаде авионите на трета страна без нивна согласност, особено ако, како во овој случај, земјата е директен конкурент на САД. Вашингтон се заканил дека ќе го блокира спроведувањето на договорот, обвинувајќи го Израел дека се обидува да оствари полза за сметка на американските интереси, се додава во написот на Axios.

Според соговорниците на порталот, во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал за ова прашање со американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на состанокот во Брисел. Како што се наведува, Помпео рекол дека не е против договорот склучен меѓу Израел и Хрватска, но оти него го блокирал министерот за одбрана Џејмс Матис.

Американската амбасада во Загреб по повод ваквите информации во израелските медиуми, во петокот соопшти дека, САД заедно со Хрватска и Израел соработуваат на изнаоѓање прифатлива опција којашто би овозможила потврдување на договорот за продажбата „F-16 Barak“.

Од американската амбасада порачуваат дека „соработуваат со Израел веќе повеќе од една година во врска со поединостите од предложениот договор“ за купување на авионите „F-16“. „Во текот на преговорите бевме доследни и јасни во врска со техничките услови под кои би се согласиле на склучување на договорот… Во овој момент активно соработуваме со Израел и со Хрватска за да која ги исполнува хрватските потреби во врамките на зададениот временски рок“, го цитира агенцијата Hina соопштението на американската амбасада во Загреб.