САД ја повикаа ЕУ да создаде армија во „целосна согласност“ со НАТО

Соединетите држави побараа појаснување на ставовите на европските земји кои се однесуваат на создавање сопствена европска армија, и истакнаа дека таа би морала да биде целосно усогласена со стандардите на НАТО:

„Ова е многу чувствително прашање за нас. Ние редовно го убедуваме просечниот гласач во САД за очигледноста во тоа зошто Соединетите држави, замајќи ги предвид и своите проблеми, годишно испраќаат во Европа десетици милијарди долари за одбраната на Европа од Русија и од другите непријателски сили, иако овие пари би можеле да одат за домашните потреби на САД“, изјави во средата пред европаралментарците постојаниот американски претставник во Еропската унија, Гордон Сондленд.

Во моментов ситуацијата е уште посложена, доколку ЕУ одлучи дека може да се справи со помош на сопствени вооружени сили, истакна американскиот дипломат. Според Сондленд, САД слушаат од Европа „две дијаметрално спротиставени ставови“, едните имаат намера да се ограничат на решавање на помали конфликти, другите, пак, зборуваат за формирање разузнавачка заедница, создавње армија, сеопфатни вооружени сили.

Сондленд, исто така, истакна дека Вашингтон чека објаснување што Европа има намера да „стори со своите средства“, имајќи предвид дека таа вложува и во НАТО.

„Поради тоа се надеваме дека, бидејќи ЕУ сака да покаже одреден степен сопственма автономност и одбранбени способности, тоа ќе биде сторено во целосна согласност со НАТО и како квалитативно дополнувања а не како замена за НАТО“, заклучи американскиот дипломат.

Претходната седмица францускиот претседател Емануел Макрон предложи создавање „поптолна европска армија“, вклучително и за кибернетичка безбедност. Покрај тоа, истакна дека ЕУ мора да се брани од Русија, Кина, па дури и од САД, а неговата идеја беше поддржана од германската канцеларка Ангела Меркел. Подоцна шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерина, појасни дека ЕУ не се занимава со формирањето „европска армија“, бидејќи таа е политички а не воен сојуз.