САД ја повикаа Приштина да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора

САД ги повикаа политичките партии во Косово „да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со соседна Црна Гора” и предупредија дека одложувањето на ратификацијата му штети на кредибилитетот на Косово на меѓународната сцена.

Амбасадата на САД во Приштина ја повика косовската влада да го поднесете повторно во парламентот прашањето за ратификација на демаркацијата.

„Ние и натаму сме целосно убедени, по опсежната ревизија од страна на експертите на американската влада, дека линијата за демаркација на границата, која е воспоставена со фоговор, е правилно нацртана”, се вели во соопштението.

САД ги повика косовските политичари „да им стават крај на тензиите и несогласувања кои му штетат на Косово”.