САД ќе го задржи сегашниот број на војници во Јужна Кореја

САД ќе го задржат сегашниот број војници во Јужна Кореја со цел да ги исполнат обврските кон Сеул поврзани со одбраната на Јужна Кореја, изјави американскиот секретар за одбрана, Џим Матис.

Заложбата на САД кон Јужна Кореја останува цврста и САД ќе продолжат да користат низа дипломатски и воени мерки за исполнување на обврските кон Сеул. Тоа значи одржување на сегашното ниво на американско воено присуство на Корејскиот полуостров, рече Матис.

Тој додаде дека Вашингтон и Сеул ќе продолжат да работат на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Нашите дипломати, во консултација со Јужна Кореја и другите партнери, продолжуваат да работат кон постигнување целосна и неповратна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, рече тој.

Американските војници се распоредени во Јужна Кореја од 1950-тите. Во Јужна Кореја сега има околу 28.500 американски војници.

Матис пристигна вчера во Сеул, каде што ќе разговара со својот јужнокорејски колега, Сонг Јанг Му, потсетува „Спутник“.