САД ќе се повлечат од договорот на ОН за трговија со оружјето

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во петокот дека САД ќе се повлечат од меѓународниот договор за трговија со конценционално оружје кој во 2013 година го потпиша тогашниот претседател Барак Обама и покрај противењето на влијателното Национално пушкарско здружените (NRA – или Национално здружение за огнено оружје) и другите конзервативни групи.

Трамп на членовите на споменатите лобистички групи им порачал дека планира да го повлече статусот на САД како потписник на Договроот за трговија со оружје кој американскиот Сенат всушност и никогаш не го ратификуваше.

„Го повлекуваме својот потпис“, изјавил Трамп пред илјадинци членови на конзервативните групи и здруженија кои се залагаат за задржувањето на правото на Американците да поседуваат и носат огнено оружје од кои многу носеле капи и блузи со неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“. Трамп најавил дека Обединетите нации наскоро ќе добијат и официјално известување за американското повлекување.

Пушкарското здружение NRA долго се противи на овој договор кој го регурлира 70 милијарди долари вредниот бизнис со конвенционално вооружување и се обидува да го задржи оружјето надвор од дофатот на нарушителите на човековите права. NRA, која е голем донатор на републиканските политичари, вклучителни и на кампањата на Доналд Трамп во 2016 година, тврди дека со овој договор би се поткопале домашните права за оружјето, став кој Обама го отфрлаше.

Генералното собрание на ОН во април 2013 година со големо мнозинство го одобри споменатиот договор, а САД како најголемите извозници на оружје на светот, исто така, гласаа „за“ и покрај силното спротиставување на NRA. Досега на договорот официјално му се придружија 101 држава. Уште 29 го потпишаа, вклучително и САД, но официјално не се приклучија.

Најавата на Трамп веднаш поттикна критики од меѓународните групи за човекови права. „САД сега стојат рамо до рамо со Иран, Северна Кореја и Сирија како непотписнички на овој историски договор чија единствена цел е да се заштитат невините луѓе од смртоносното оружје“, рече претседателката на Оxfram за САД, Ејби Макмен. Адотеи Аквеи, претседател на американскиот Amnesty International изјави дека „со оваа најава американската влада ќе предизвика поплава од продажба на оружјето со ослабените критериуми за човековите права“.