САД ќе ‘сторат сѐ што можат’ околу Токио и Сеул

Вашингтон ќе стори сѐ што е во негова моќ за да помогне да се надмине политичкиот и економскиот спор меѓу неговите далекуисточни сојузници Јужна Кореја и Јапонија, рече во средата американскиот Деквид Стилвел во текот на посетата на Сеул.

Дејвид Стилвел, помошник на американскиот државен секретар за азиски и пацифички прашања, неколку дена престојува во Јужна Кореја откако претходно ги посети Јапонија и Филипини.

Јапонија и Јужна Кореја меѓусебно спорат околу неколку прашања, особено околу отштетата за Кореанците кои биле принудени да работата за јапонските окупатори во текот на Втората светска војна, како и одлуката на Токио да воведе рестрикции на извозот на високотехнолошки материјали во Јужна Кореја. Кореја од 1910 до 1945 година била јапонска колонија.

Соединетите држави засега се резервирани во поглед на своето вмешување во спорот околу своите двајца стратешки сојузници на Пацификот, а Стилевел не открива кои чекори Вашингтон ќе ги преземе.

Минатата седмица тој за јапонскиот телевизиски национален сервис NHK рече дека Вашингтон нема да се меша но оти ќе повика на дијалог меѓу двете држави. Во средата директно не одговорил на прашањето за потенцијалното американско посредување во спор, порачувајќи дека ќе се ангажира „околу сите прашања поврзани со Јужна Кореја и САД“, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap.