САД креваат раце од Косово – нема да ги контролираат судските реформи

Америка се повлекува од контрола врз судските реформи во Косово.

Aмбасадаta на САД во Приштина остро реагираше на процесот на избор на нови членови на косовскиот обвинителен совет и главните обвинители и изјави дека, „поради нетранспарентен и функционално нарушен“ процес, „ќе престане да го следи“.

Весникот Газета Експрес пишува дека американската амбасада остро реагирала, велејќи дека изборниот процес е функционално нарушен, затоа што нема транспарентност и има судир на интереси.

Затоа, американската амбасада најавува „дека нема да продолжат да го следат таквиот процес“.

Премиерот на привремените институции на Приштина, Авдулах Хоти, ја изрази својата загриженост откако американската амбасада објави дека ќе се повлече од постапката за избор на членови на обвинителскиот совет на Косово и главни обвинители.