САД меѓу десетте најопасни земји за жените во светот

Соединетите држави во анктетите на стручњаците и активиистите се наведени како единствената западна земја меѓу десетте најопасни земји за жените, откако кампањата #MeToo поттикна поплава од обвиненија и поплаки поврзани со сексуалното возменирување и напади, пренесува Reuters.

Фондацијата на новинската агенција – Thompson Reuters Foundation – им испратила прашалник на 550 експерти за женските прашања во кој се бара да наведат кои од 193-те земји членки на Обединетите нации ги сметаат за најопасни и најлоши за жените по прашањата на здравствената заштита, економските ресурси, традиционалните обичаи, сексуалното и несексуалното злоставување и трговијата со луѓето.

САД во ова рангирање го заземале 10-то место, а стручњаците, активистите и жртвите објаснуваат дека станува сé поголема свеста за нападите врз жените, благодарејќи на движењето #MeToo, големата улога на Соединетите држави на светската сцена и толеранцијата на насилството кои при придонеле за перцепцијата на опасноста во оваа земја.

Врвот на оваа црна листа го зазема очекувано Индија каде што пред пет години по познатиот случај на сурово убиство по групно силување на студентка во автобус, распространетото насилство над жените, особено од сексуален карактер, и натаму е многу просутно и покрај бројните и масовни протести и ветувањата на властите кои донесоа подрастични закони со кои се санкционираат овие дела.

Следи Авганистан, каде што и по 17 години откако САД и НАТО го соборија ригидниот талибански режим, положбата на жените може да се опише како „опасно живеење“, се наведува во заклучоците од споменатото истражување.

Третото најопасно место за жените е Сирија, во прв ред благодарејќи на седумгодишната војна. Следи Сомалија, каде што жените се загрозени поради свирепите обичаи кои произлегуваат од тамошните традициите, а петтото место го зазема Саудиска Арабија. Во оваа монархија каде што кралската лоза и клерот исповадаат вехабитска струја во исламот но новите власти преземаа последната година низа мерки во поглед на подобрување на општествената позиција на жените како управување со возила, гласање и право да бидат гласани, да одат на стадиони итн, жените уште најмногу трпат поради економската раливост и дискриминацијата во поглед на правото на работи и правото на сопственост.

На шестото место е Пакистан, па следат ДР Конго, Јемен и Нигерија. Интересно е што на листата не е вброен Ирак, иако таму, џихадистичката Исламска држава како и во соседна Сирија земаше жени и девојчиња како сексуални робинки, особено од етноконфесионалната јазидска заедница. Покрај тоа, во ирачките затвори во моментов има стотици жени, кои биле сопруги на џихадистите или се осомничени дека се бореле со нив.

Бидејќи анкетата е спроведена откако движењето #MeToo стана планетарно познато, со илјадници жени коишто на социјалните мрежи ги споделија своите приказни за сексуалното вознемирување или злоставување, САД поради ризикот од сексуално насилство, вклучително и силувањата, и неправдата во поцеуисрањето на случаите на силување се вброени на 10-то место на листата најопасните земји во светот за жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.