САД му доставиле на Израел ракетен систем THAAD

Американската армија првпат му го доставила на Израел својот најнапреден систем за противоздушна и противракетна одбрана ТHAAD (Therminal High Altitude Area Defense), потврдија во понеделникот американски и израелски функционери.

Доставувањето на системот, кое започнало во март, требала да послужи да се види колку брзо американската армија е способна да достави такво вооружување на која и да е точка во светот, изјавила портпаролката на Командата на американските сили во Европа.

Повикувајќи се на безбедносни причини, портпаролката одбила за Reuters да каже колку време било потребно за дислоцирање на систмот ТHAAD, кој го произведуваат компаниите „Lockheed Martin“ и „Raytheon“од американската воена база Форт Блис во сојузната држава Тексас, до Израел.

Потегот на Вашингтон доаѓа во периодот на засилени напнатости меѓу Израел и Иран поради израелските воздушни удари во Сирија врз ирански и проирански цели, и изјавите на иранскиот министер за надворешни работи дека не ја исклучува можноста за војна меѓу двете земји.

Одлуката за брзото доставување на системот THAAD на Израел претставува „доказ на трајна доследност на САД на безбедноста на Израел“, соопшти американската армија.

Системот THAAD истрелува ракети кои се дизајнирани да пресретнат и уништат балистички проектили додека се уште надвор од атмосферата или само што влегле во неа, во текот на последната фаза од нивниот лет. Овој антибалистички систем истрелува ракети осмислени да пресретнат и уништат балистички ракети во завршната фаза од нивната траекторија. Американците почнаа да го поставуваат на различни точки во 2008 година.