САД му порачаа на Израел дека безбедноста на новинарите е најважна

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави во саботата дека САД му порачале на Израел дека мора да се грижи за „безбедноста на новинарите“ откако неговите сили ја урнаа зградата во која се наоѓаа дописништвата на странски медиуми кои изразија „шокираност и длабока вознемиреност“, но Израел за тавкиот потег го обвини Хамас.

„Директно комунициравме со Изреалците дека безбедноста на новинарите и независните медиуми е најважната одговорност“, напиша Псаки на Twitter.

Дванаесеткатницата во Газа во кои беа сместени накцелариите на катарската сателитска телевизија Al Jazeera, како и на американската и француската новински агенции Associated Press и France Presse беше погоден во саботата со израелски пректили.

Сопствениците на објектот, на деловните простори и жителите на становите во повеќекатницата биле известени биле известени со јавувања и смс-пораки за претстојното ракетирање и им било дадено време да се евракуираат, го потврдил очевидец за Reuters тврдењето на израелската војска.

Дирекорото на AP, Гери Пруит уривањето на зградата го нарече „неверојатно вознемирувачки развој на настаните“. Неведе дека десетина новинари и соработниц на агенцијата биле евакуирани од зградата.

„Шокирани сме и преплашени бидејќи израелската војска ја гаѓаше и уништи зградата во која се сместени канцелариите на AP и другите медиумски организации во Газа. Светот ќе знае помалку за случувањата во Газа поради она што се случи денеска“, изјави во писмена изјава Пруит.

Директорот на Al Jazeera, Мостефа Суаг нападот го нарече „варварски“ и порача дека Израел би требало да одговара за тоа.

„Целта на ова гнасно злосторство претставува замолчување на медиумите и ќе го сокрие неискажливиот масакр и патењето на народот во Газа“, додаде во својата писмена изјав Суаг.

Служба за односи со јавноста на Армијата за одбрана на Израел, во писмено соопштение за медиумите го обвини палестинското исламистичко движење Хамас дека во истата зграда сместил воеан опрема којашто ѝ припаѓала на неговите разузнавачаките служби и вработените и станарите на зградата ги користел како „жив штит“, а дека поради тоа објектот бил легатимна цел.

Портпаролот на израелската војска, полковникот Јонатан Конкрикус“ го отфрли тврдењето дека Израел со нападот сакал да ги замолчи медиумите во известувањето од палестинската енклава.

„Тоа е целосно погрешно, медиумите не се цел. Хамас веројатно сметал дека, откако се сместиле во зграда со медиуми, ќе бидат сигурни од израелски напад“, изјавил Конрикус за Reuters повторувајќи дека војската гаѓала легитимна воена цел која ја користеле воените разузнавачи на Хамас.

Конкрукус појаснил дека целата зграда морала да биде урната, беше гаѓана во долните столбови, бидејќи не било можно да бидат отстранети само деловите од зградата кои ги користел Хамас, позната како „Ал Џалаја“.

„Тие заземале неколку катови во зградата и небеше возможно да се симнат само тие катови. Беше потребно да се урне целата зграда“, вели израелскиот воен портпарол.