САД најавија дополнители царини на производи од ЕУ

Американската влада најави дополнителни царини за одредени проуизводи од Европската унија, вклучително и за делови за авиони и вина од Франција и Германија, заострувакчи го дологодишниот спор со Брисел околку субвенциите за производителите на авиони за што и на двете страни Светската трговска организација (СТО – WTO) им дозволи наметнување казнени царини во износ од повеќе милијарди долари.

Бирото на американскиот претставник за трговија (USTR) во соопштението од средата наведува дека ќе ги згокеми царините за увозот за делови за авиони, одредени вина, како и за коњакот и другите жестоки пијалаци на база на грозје од Франција и од Германија. Не се наведува кога новите царини ќе стапат на сила, напомнувајќи само дека дополнителните поединости ќе бидат објавени „наскоро“.

Спорот меѓу САД и ЕУ околу субвенциите за производителите на авиони трае веќе 16 години и претставува голем товар за меѓусбените трговски односи.

САД минатата година добија одобрување од СТО за воведување ја компензациските царини во износ од 7,5 милијарди долари на годишно ниво. Вашингтон тогаш воведе 25-процентни царини на увозот на низа прехренбени производи од Европската унија, главно од Франција и Германија, кои соработуваат во производителот на авиони „Airbus“.

Во одвоен спор околу американските субвенции на тамошниот производител на авиони „Boeing“, СТО на ЕУ ѝ одобри воведување на компензациските царини на американски увоз во вредност од 4 милијарди долари. САД потоа порачаа дека сакаат да го решат спорот, но и приговорија. САД сметаат дека ЕУ нема законски основи за воведување на царините, бидејќи субвенциите за „Boeing“ биле запрени уште пред да биде донесена пресудата. Европските функционери, пак, сметаат дека само СТО може да одлучува за тоа дали е задоволена пресудата и дека зеленото светло за воведување на царините и натаму е на сила.

Во соопштението објавено во средата, USTR тврди дека ЕУ, користејќи се со податоци од перидот на „драстично намалениот“ обем на тргувањето поради пандемијата на коронавирусот, ги проширила царините на значително повеќе производи отколку што би дозволил „нормалниот“ референтен период.

Вашингтон тврди и дека Брисел од истата прилина од пресметката за обемот на тргувањето ја исклучил Велика Британија и порачуваат дека Европската унија „мора да преземе одредени мерки“ за да го компензија неоснованото зголемување на царините.