САД на плоштад ( Скопско Астрономско Друштво)

Сакам да им одадам посебна благодарност, респект и почит на Радан Митровиќ и САД – Скопското Астрономско Друштво, кои за време на Црвената Месечина собраа огромен број на граѓани на плоштадот во главниот град од каде со телескоп можеа да набљудуваат овој прекрасен селестијален феномен.

Со нивната континуирана, фанатична, посветена и пред се волонтерска работа, како резултат на упорноста се повеќе се гледа дека допираат до се поголем број на луѓе кои сакаат да научат повеќе.

Она што „убиваат“ у поим што преку 90% од партиите не успеваат ни упола да соберат на митинг од било каков вид, колку што астрономите собраа. Тоа говори нешто и за нив и за народот кој е жеден за знаење. Но, за жал и натаму, оваа земја останува во „мрак“ со тоа што нема сериозна опсерваторија со телескоп. Ова поднебје кое со еони било простор со исконски опсрватории каде разни шамани и мистици и рани “научници” кои го набљудувале небото, денес, оваа модерна држава, не може да снајде сила да изгради и постави барем еден телескоп. макар на Водно, а да не говорам за Охрид, Кокино, Дојран, Берово и други места каде би се развивал научниот туризам.

Со години наназад, кај секоја власт се обидував да лобирам со ресорните минстерстри и премиери на тогашните влади да ги убедам да вложат во ова астрономско друштво – залудно.

Глуви и неми, за жал.

Се надевам дека некој ќе најде некаков модус на овие ултра паметни и посветени астрономски ентузијасти да им помогне да прераснат во ненаков вид, катедра, академија, со инфраструктура каде серизно ќе се поврзат со опсерваториите на другите земји.

Срамота е Македонија да нема опсерваторија.

Срамота е Астрономското Друштво да е отполно игнорирано, а едуцира илјадници млади.

Вреди и заслужува да се вложи во нив, да им се помогне.

Ах и ова, кога ќе ги видите со телескопи на плоштад, слободно обратете им се, ќе ви кажат и дадат да погледнете. Најмалку што можете е да оставите прилог. Кој колку може. Они со парите купуваат само нов и поголем телескоп, тоа се нивните соништа.

Сега Марс е најблиску до Земјата во последниов период, одете и исплакнете очи.

Дечките се суво злато, просвелтлете се и погнете им!

Автор: Јанко Илковски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.