САД: Највисокиот суд на Џорџија го забрани абортусот по шестата седмица од бременоста

Највисокиот суд во американската сојузна држава Џорџија ја врати забраната за речиси сите абортуси по околу шестата седмица од бременоста.

Врховниот суд на Џорџија нареди забраната да стапи на сила во понеделник во 17 часот по локално време. Истовремено организацијата SisterSong со седиште во Атланта поднесе тужба со која ја оспорува забраната.

„Денеска, Врховниот суд на Џорџија застана на страната на екстремистите против абортусот. Секоја минута кога е во сила оваа штетна забрана за абортус по шестата семица, народот на Џорџија страда“, рече извршната директорка на SisterSong, Моника Симпсон.

Канцеларијата на Брајан Кемп, гувернерот на Џорџија, не одговори веднаш на барањето за коментар од Reuters.

Судијата на Врховниот суд на округот Фултон, Роберт МекБурни, го блокираше законот на 30-ти септември, тврдејќи дека тој ги крши правата на приватност и слобода гарантирани со државниот устав.

Законот ги забранува речиси сите абортуси откако ќе се открие „биење на срцето“, обично околу шестата седмица, пред многу жени да сфатат дека се бремени, според критивачрите. Законот беше усвоен во 2019 година, но не стапи на сила сѐ додека Врховниот суд на САД во 2022 година не го поништи долгогодишниот правен преседан Роу против Вејд кој ги гарантираше правата за абортус на национално ниво.