САД нападнаа складишта за оружје на проиранска милиција во Ирак

Пентагон потврди дека САД извршиле воздушен напад врз пет складишта за оружје на проирански милиција во Ирак, еден ден откако во ракетен напад загинаа двајца американски и еден британски војник.

„САД извршија дефанзивни прецизни удари врз позиции на Катаиб Хезболах низ Ирак“, се вели во изјавата на Пентагон.

Во депоата имало оружје со кое било пукано врз американски и коалициски трупи, се вели во соопштението.

Пентагон го опиша нападот како „дефанзивен, пропорционален и директен одговор на заканата од иранската шиитска милиција“.