САД: Наскоро предлог мерки за намалување на загадувањето од издувните гасови од возилата

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) се очекува наскоро да предложи нови правила кои значително ќе ги намалат емисиите на издувните гасови од возилата, што ќе ги поттикне производителите на автомобили значително да ја зголемат продажбата на електрични возила.

Предложените правила се очекува да го опфаќаат периодот од 2027 до 2032 година.

Еколошките организации и некои производители на автомобили веруваат дека предлогот ќе доведе до тоа најмалку 50 отсто од американскиот возен парк да бидат електрични или plug-in хибриди до 2030 година, што ќе биде во согласност со целта поставена од американскиот претседател Џо Бајден презентирана во 2021 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.