САД не ги суспендираат летовите на авионите „Boeing 737 MAX“, норвешка компанија бара отштета

Американската регулатурна агенција за воздухопловство во вторникот објави дека нема да ги приземји авионите од моделот „Boeing 737 MAX“ по уривањето на летало од истиот тип во Етиопија во кое загинаа 157 луѓе, за разлика од низата земји ширум светот кои ги суспендира нивните летови.

Американски и етиописки експерти од областа на безбедноста во воздушниот сообраќај разговарале во вторникот за тоа дали податоците за летото и записите од уредот за снимање од пилотската кабина на етиопискиот авион на летот ЕТ302, кој се урна во неделата утрото на летот од Адис Абеба кон Најроби, ќе бидат испратени на анализа во Вашингтон или во Лондон. Американските стручњаци рекоа дека уредот е делумно оштетен, но сигурни се дека ќе добијат некои почетни резултата во период од 24 часа кога ќе бидат преземени податоците.

Американските воздухопловни компании сакаат да ги сочекаат резултатите, додека сѐ поголем е бројот на земјите и воздухопловните компании ширум светот кои ги приземјиа авионите од типот „Boeing 737 MAX“. Не се знае дали е одлучено кога ќе бидат објавени анализите од снимките од пилотската кабина и текот на летот, кој во овој случај траел само шест минути. Американската Федерална воздухопловна агенција (FAA) засега не коментираше. Нејзиниот функционер, Ден Илвел, рекол дека нивните истражување покажале оти „нема системски проблеми во изведбата на авионите и оти нема основа за нивно приземјување“.

Пред да започне приземјувањето на авионите од овој тип, 371 авион „Boeing 737 MAX“ бил оперативен, но во моментов се приземјени околу две третини од флотата, според процените на агенцијата Reuters.

Американските претседател Доналд Трамп во вторникот вечерта по локално време разговарал со „Boeing“, Денис Мујленбург, од кого добил гаранција дека авионот од овој тип е сигурен дека не треба да бидат проземјени, потврдиле двајца функционери.

Според директивите за воздушна пловидба и за безбедноста коишто во вторникот ги објави Агенцијата на Европската унија за безбедност во воздушниот сообраќај (EASА), во вторникот беа суспендирани сите летачки операции со авионите од моделите „737-8 MAX“ и „737-9 MAX“ во сите држави членки на ЕУ. Покрај тоа, EASA во вторникот објави и Директива за безбедноста, којашто исто така стапи на сила во 20 часот по средноевропско време, а со којашто се суспендираат сите комерцијални летови на споменатите два модела на „Boeing“ кои ги вршат операторите од трети земји, во и надвор од ЕУ.

Американскиот сенатор кој претседава со панелот за надзор над воздухопловството предложи САД да преземат слична акција по несреќата на етиопскиот авион во неделата, втора несреќа од овој тип авион по уривањето на леталот на индонезиската команија „Lion Air“ во октомври. Меѓутоа, Илвел рекол дека ниедна странска цивилна воздухопловна управа не изнела податоци коишто би го оправдале приземјувањето на авионите. Доколку биде утврден каков и да е безбедносен проблем во итната анализа на несреќата на етиопискиот авион, FAA „веднаш ќе преземе соодветни акции“, рекол.

Велика Британија, Германија и Франција се приклучија на бранот суспендирање летови ипо несреќата, зголемувајќи го протисот врз властите во САД да го сторат истото.

Компанијата „Boeing“, најголемиот светски производител на авиони, кој по несреќата во Етиопија загуби милијарди долари од пазарната вредност со голем пад на акцијата, соопшти дека ги „разбира преземените активности но и оти и натаму има полна доверба во „МАX 737“ и неговата безбедност. Три американски воздухопловни компании кои во своите флоти го имаат овој модел авиони, „Southwest Airlines Co“, „American Airlines Group“ и „United Airlines“, стојат зад „Boeing“ иако многу потенцијални патници изразуваат загриженост на социјалните мрежи и прашуваат дали може да го заменат летот или да го откажат.

Сѐ уѓште не се знае причината за несреќата на етиопскиот авион, кој се урна во неделата. Пет месеци претходно авион „737 MAX“ се урна во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе. Во понеделникот FAA објави детали од низа промени во дизајнот и барањата во поглед на пролагодувањата за кои ги овластиле „Воeing“ на флотата „MAX 737“ по индонезиската несреќа. Нема докази дека двете трагедии се поврзани. Воздухопловните стручњаци напоменуваат дека е прерано да се зборива за причината за последната несреќа.

Норвешкиот авиопревозник „Norwegian Air“ објави во средата, пак, дека ќе бара отштета од американскиот производител „Boeing“ поради изгубените приходи и трошоци поврзани со приземјувањето на споменатиот модел. Норвешката компанија денеска откажа 30-ина летови кои требаа да бидат изведени со „Boeing 737 MAX“. Повеќето од нив требаа да полетаат од аеродромите во Осло, Стокхолм и други градови во северна Европа.

„Очекуваме од Boeing тоа да го плати“, соопштиле од норвешката компанија во електронска порака за Reuters. Од вкупно 163 авиони во флотилата на „Norwegian Air“ 18 се патнички авиони „Boeing MAX“, со кои овој нискотарифен превозник во следните години имал намера да ги изведува повеќето летови на кусите и средните дестинации.

Главниот адут на овој тип авиони е акономичната потрошувачка на горивото, а со тоа и помали трошоци на летовите. Приземјените авиони дополнително ќе го засилат притисокот врз норвешката компанија која бележи загуби поради жестоката конкуренција во тешкиот период за европскиот сектор на воздухопловниот сообраќај. Компанијата изминатите месеци од акционерите собра три милијарди норвешки круни, или 348 милиони долари, а најави и дополнително намалува трошоци за повторно позитивно да работи.

Во „Norwegian Air“ очекуваат испорака на околу десетина „Boeing 737 MAX“ следните годни, со што нивниот број до 2021 година би требало да надмине 70. Компанијата не се откажува од порачките на уште авиони од овој модел, порача портпаролот Ласе Сандекер-Нилсен.

Извори во воздухопловниот сектор предупредуваат, пак, дека „Boeing“ по несреќата ќе се соочи со големи барања за отштета. Во електронска порака до вработените којашто на увид ја имале во Reuters, извршниот директор на компанијата, Денис Мујленбург, навел во понеделникот дека е убеден оти авионите се безбедни.