САД не издадоа визи на руски сенатори за присуство на Генералното собрание на ОН

Неколку членови на рускиот Совет на Федерацијата, меѓу кои и претстадатолот на Комитетот за меѓународно работи, Константин Косачев, кои требало да присуствуваат на годишната седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, не добиле виза и нема да може да учествуваат во неговата работа, изјавил за генцијата ТАСС во вторникот Косачев.

„Прекршувајќи ги своите обврски кон меѓународната заедниа, американската страна не издаде навреме визи за редица членови на официјалната делегација, вклучително и за мене, и група лица од придружбата кои планираа да летаат денеска за Њујорк за учество во работата на 74-то сесија на Генералното собрание на ОН. Ова е срамна постпка, за која нема објаснување и оправдување“, изјавил Косачев.

Додал дека вкупно десет членови на руската делегација не добиле виза. Според Косачев, документите се наоѓаат во амбасадата на САД, и до моментот на летот визите не биле издадени.

„Руската делегација сигурно ќе разговара со Генералниот секретар на ОН за неиздавњето визи за членовите на руската делегација, кои требаше да присуствиваат на годишната сесија на Генералното собрание на ОН“, додал Косачев.

Согласно планот на Советот на Федерацијата за оваа седмица, членовите на горниот дом на рускиот парламент во составот на делегацијата требаше да учествуваат на годишната седница во светската организација од 24-ти до 30-ти септември.

Американската страна наведува технички тешкотии а, исто така, истакнува дека руската делегација за доцно доставување на документите.

Меѓутоа, портпаролката на руското министерство за надворешни работи„ вели дека амбасадата не била во право и истакнува дека станува збор за „срамен прмер на неуважување од страна на САД членови на ОН, како и неисполнување на обврските преземени како земја домаќин“ на светската организација.

„Не е така. Документите беа доставени во терминот кој го наведоа самите американски дипломати. Документите кои го предале за обработка, порано (неколку месеци пред поаѓањето), биле вратени со формулацијата дека се ‘рабо предадени’. Нешто капитално се скршило кај момците“, истакна Марија Захарова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.