САД не извршиле доволен притисок врз поранешниот претседател на Авганистан

Соединетите држави не извршиле доволен притисок врз поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани да се согласи да ја дели власта со талибаните, изјави специјалниот американски претставник за Авганистан, Залмај Кализад кој поднесе оставка во резговорот кој во неделата го објави телевизиската мрежа CBS News.

Зборувајќи првпат за медиумите по поднесувањето на оставката на 18-ти oктомври, Залмај Кализад остро го банеше договорот за повлекувње на американските трупи од Авганистан кој тој во катарска Доха го постигна со талибаните во мандатот на претходниот американски претеседател Доналд Трамп и изрази индиректни резерви за спроведување на договорот под сегашниот претседател Џо Бајден.

„Договорот беше условен и предвидуваше преговори“ меѓу бунтовниците и поранешната влада во Кабул за постигнување трајно примирје, појасни американскиот дипломат.

По влегувањето во Белата куќа, претседателот Бајден донесе „одлука за повлекување на база на распоред“, неводејќи сметка за тие ислови, октрива Кализад.

„Оние над мене ја донесоа таа одлука“, додаде Кализад и изрази жалење што „некои“ во Вашингтон го направиле жртвен јарец одговорен за хаотичното заминување од Авганистан и за исламистичкото преземањето на власта во Кабул,.

„Секогаш наследуваме договори, или се согласувате да ги спроведете или велите ‘не, сакам повторно да преговарам’“, додава Кализад.

Членови на поранешната авганистанска влада своето бегство од Кабул го оправдуваат дека наследувајќи го договорот кој го постигна тимот на Трамп се закочиле меѓуавганистанските преговори за мир и талибаните би ги продолжиле нападите врз американските сили доколку останале во земјата.

Залмај Кализад признава дека работите не се одвивале како што посакувал, но тој поголемиот дел од одговорноста ја припишва на авганситанската влада на поранешниот претседател Апраф Хани и тврди дека тој никогаш не се согласил да ја споделува власта.

„Помило им беше статус-квото од политичкиот договор“, појасни Кализад.

Додаде дека бегството на Гани на 15-ти август од Кабул ја забрзало целосната победа на талибаните и го поништил договорот кој го договориле САД за транзиција и поделба на власта.

„Тоа ги зајална најрадикалните талибани, многу влијателни во новата авганистанска влада“, вели американскиот дипломат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.