САД: Не може со телефон во авион

САД донесеоа одлука да не дозволуваат внесување на мобилни телефони во американските авиони од некои аеродроми во Европа, Блискиот исток и Африка, бидејќи властите се загрижени дека Ал Каеда произвела нови врсти бомби, објави денес „Дејли Мејл“.

Американските безбедносни власти покажаа стравување дека творците на бомбите од јеменската Ал Каеда на Арапскиот полуостров смислиле како да ги претворат мобилните телефони во експлозивни направи и да избегнат детектирање на аеродромите.

Властите ги издвоиле смартфоните „Ајфон“ на компанијата „Епл“ и „Галакси“ телефоните на „Самсунг Електроникс“ кои ќе бидат предмет на дополнителна безбедносна проверка на директните летови за САД од Европа, Блискиот Исток и Африка.

Истите извори додале дека и други електронски апарати кои патниците ги внесуваат во авионите, би можеле да бидат предмет на „интензивен надзор“ и дека од патниците може да биде побарано да ги вклучат лаптопите, ајподите и таблетите и електронските читачи на книги „киндл“.

Американската служба за безбедност на транспортот најавила дека исклучените апарати нема да можат во авионите, иако не открила на кои аеродроми ќе се спроведуваат додатни прегледи.

Меѓутоа, медиумите се јавија дека патниците на британските аеродроми на летовите за САД минатата недела се соочувале со дополнителни проверки на нивните мобилни телефони.

Така на тие аеродроми создал дополнителен хаос покрај и онака глемата гужва во времето на годишните одмори и училишните распусти.