САД не размислуваат за ново затворање, туку се фокусираат на вакцинација

САД не треба да воведат ново „заклучување“ за да го спречат ширењето на ковид-19 и ќе се потпрат на други достапни алатки, соопшти синоќа координаторот на Белата куќа за ковид-19 Џеф Зиентс, додека портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека администрациите не препорачуваат ново заклучување, пренесува Си-Ен-Би-Си њуз.

-Ние не одиме во таа насока. Имаме алатки за да го забрзаме излезот од оваа пандемија: достапни вакцинации, дополнителни дози, вакцинација на деца и третман. Можеме да се бориме со вирусот без да ја затвориме нашата економија на кој било начин, им рече Зиентс на новинарите во Белата куќа.

Зиентс истакна дека во петокот американскиот регулатор ја одобри т.н засилувачка доза за сите возрасни Американци и дека трета доза од вакцината оттогаш е дадена на 3 милиони Американци.

-Не одложувајте, добијте го вашиот засилувач за да имате подобра заштита од ковид-19 како што се приближуваме кон зимата, рече тој.