САД негираат дека поседуваат биохемиски лаборатории во Украина

Вашингтон дематира дека управува со хемиски или биолошки лаборатории во Украина

САД ги отфрлија руските наводи дека помогнале да формирањето на  „биолаборатории“ во Украина кои работат со многу опасни патогени. Москва тврди дека Киев се бори да ги уништи материјалите и да прикрие можно прекршување на Конвенцијата за биолошко оружје (BWC) од 1972 година.

„САД не поседуваат никакви хемиски или биолошки лаборатории во Украина, тие се во целосна согласност со своите обврски од Конвенцијата за хемиско оружје и Конвенцијата за биолошко оружје и никаде не развиваат или поседуваат такво оружје“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Американскиот функционер тврдеше дека Москва, а не Вашингтон, води „програми за активно хемиско и биолошко оружје“, но не цитираше какви било докази во неговата изјава.

Прес секретарот на Белата куќа, Џен Псаки, ја повтори забелешката на Прајс, обвинувајќи ја и Москва дека ја подготвила сцената за потенцијален напад со „лажно знаме“, обвинение кое претходно го подигнаа претставници на администрацијата.

„Сите ние треба да внимаваме Русија евентуално да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да создаде операција со лажни знамиња користејќи го тоа“, рече таа во објава на Твитер во средата.


Псаки тврдеше дека Русија „има искуство да го обвинува Западот за прекршувањата што самата Русија ги прави“. Таа ги нарече последните обвинувања „очигледен трик на Русија за да се обиде да го оправда понатамошниот однапред смислен, неиспровоциран и неоправдан напад врз Украина“.

Негирањата на Вашингтон дојдоа неколку часа откако руското Министерство за надворешни работи повика на зајакнување на меѓународниот договор за биооружје со додавање механизам за проверка на усогласеноста од страна на земјите-членки. Руската војска во понеделникот тврдеше дека украинските власти наредиле „избрзано“ уништување на опасните патогени кои биле складирани во биолошки лаборатории ширум поранешната советска република поддржани од САД.

Американскиот државен потсекретар Викторија Нуланд во вторникот призна дека Украина има „објекти за биолошки истражувања“.

Во Украина постојат капацитет за биолошки истражувања а Киев и Вашингтон сега работата на тоа да спречат материјалите кои се собрани таму да паднат во рацете на руските сили, изјави американската заменкик државен секретар Викторија Нуланд во вторникот на сослушувањето во Сенатот.