САД нудат 10 милиони долари за информации за командант на Хезболах во Ирак

САД во петокот распишаа награда од 10 милиони долари за информации за шеик Мохамад ал-Кавтарани, наводно командант на шиитското движење Хезболах во Ирак, кој бил соработник на иранскиот генерал Касем Сулејмани кој беше убиен во американски воздушен напад што предизвика тензии на работ од отворен ворен судур меѓу Соединетите држави и Иран, како и продолжителни ракетирања врз ирачките бази во кои се сместени американски војници.

Во соопштението на Стејт департментот кој ја објави наградата се наведува дека Мохамад ал-Кавтарани „ги преземал политичките координации на проринаските паравоени групации“, коишто претходно ги орагнизирал генералот Касем Сулејмани, командант на иранската револуционерна гарда.

Сулејмани, заедно со заменик-командантот на ирачката шиитска милиција, Абу Махди ал-Мухандис беше убиен на 3-ти јануари годинава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром на ирачката престолнина Багдад. Мухандис, инаку, беше командант на ирачката коалиција Народни сили за мобилизација (PMU), во која дел е и шиитската доброволечка милиција ал-Хашед ал-Шааби, кои ја имаа клучната улога во теренските борби против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Вашингтон за Кавтарани наведува дека ги помагал акциите на групите кои наводно се вон надзор на владата на Ирак, иако шиитскит доброволечки милиции се интегрирани во ирачката војска, кои „напаѓаа странски дипломатски мисии и биле вклуечни во широки организирани криминални активности“.

Стејт департментот притоа наведува дека наградата ја нуди за информација за активностите на Кавтарини, неговите мрежи и соработници, за да се наруши „финансискиот меганизам“ на Хезболах.

Либанското шиитско движење Хезболах, претставува една од најсилните борбени групации на Блискиот исток, а е поддржано од Иран и учествува во сирискиот конфликт на страна на алавитскиот претседател Башар ал-Асад, во борбата против сунитките бунтовници поддржани од соседните сунитски монархии. Во Ирак дејствува исто така групација под името Хезболах, којашто е составена од автохтони борци, но се верува дека е поврзана со либанското движење.

Вашингтон во 2013 година го прогласи Кватарани за „глобален терорист“, обвинувајќи го за финансирање на вооружени групации и помагање во префрлувањето на ирачки борци во Сирија, каде што се придружуваа на силите лојални на претседателот Асад во борбата против сунитските бунтовници и особено против ултрарадикалните сунитски организации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, односно сириското крило на Ал Каеда.

Агенцијата Reuters во февруари пишиваше дека наводно според два ирачки зивори и еден водач на мнозинските шиитски муслимани во Ирак, дека Кавтарани сега се смета за најсоодветната личност за управување со активностите на ирачките милиции, додека не биде избран постојан наследник на Сулејмани во Иран.