САД нудат 15 милиони долари награда за еден од челниците на иранската специјална служба

САД нудат парична награда од 15 милиони американски долари за информации за еден од командантите на специјалниот разузнавачки сектор „Ал Кудс“ од составот на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRCG), Абдолах Реза Шалахи, изјавил во четвртокот за новинарите специјалниот американски претставник за Иран, Брајан Хук.

Како што појаснил Хук, станува збор за награда во висина „до 15 милиони долари за информации за финансиските активности, врските и партнерите на Абдолах Реза Шалахи“.

„Се работи за командант на специјалната служба Ал Кудс на Револуционерната гарда со седиште во Јемен“, појаснил американскиот допломат. Додал дека американските власти се обидуваат да добијат податоци кои ќе им помогнат да ги уртна „операциите на Револуционерната гарда“.

„Шалахи поседува догла евиденција (на организацијата) за напади врз Американците и нивните сојузници ширум светот. Тој планирал бројни убиства на војниците на коалицијата во Ирак, снабдувал екстремистички шиитски групи со оружје и експлозиви и го планирал настанот кој се одржа на 20-ти јануари 2007 година (светиот шиитски град во Ирак) Карбала што доведе до загинувањето на пет американски војници и ранувањето на уште тројца. Во 2011 година Шалахи го координирал заговорот чија цел била да се убие амбасадорот на Саудиска Арабија во САД, Адил ал-Џубејра и го финансирал“, тврдел Хук.

Истовремено појаснил дека седиштето на Шалахи е лоцирано во Јемен.

„Станува збор за командант на специјалната служба Ал Кудс на иранската Револуционерна гарда чиешто седиште е во Јемен“, рекол Хук. Според него, американските власти се обидуваат да добијат податоци кои ќе можат да им помогнат на САД да ги попречат „операциите на Револуционерната гарда“.

Продолжувајќи на темата Јемен, Хук исто така рекол дека на 25-ти ноември брод на американската воена морнарица во меѓународните води во близина на оваа блискоисточна земја пресретнал „голема пратка оружје и компенентни за ракети“, за којашто САД претпоставуваат дека требало да биде испорачана од Иран во Јемен.

„Ова откривање претставува дополнителен доказ за иранските настојувања за разгорување на конфликтот во регионот, преку снабдување на силите кои ги поддржуваат со смртоносно оруже. Исто така, тоа е доказ дека Иран редовоно го крши ембаргото за оружје на ОН“, заклучил Хук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.