Соединетите држави ѝ порачаа на Србија во саботата, по повод предложената резолуција за геноцид во Сребреница, која САД и сојузниците очекуваат да биде усвоена во Обединеите нации, дека е „неопходно соочување со вистината“, во што Вашингтон „партенерски ќе му помогне“ на Белград.
Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, истакна дека Вашингтон сака САД и Србија да го продолжат долгогодишното партнерство и дека „главната тема“ на денешната средба е како двете земји да бидат партнери.
Масакрот од 1995 година во бошњачката енклава во БиХ која тогаш беше под надзор на меѓународните мировни сили кои ја напуштија, според Хашкиот трибунал е карактеризиран како геноцид, а Белград се согласува дека станува збор за тешко воено злосторство, но посочува дека ниту спорд бројот на жртвите ниту според меѓунаронодото право станува збор за дело што може да се квалификува како геноцид.
О’Брајан рече дека во Сребреница е извршен „кривичен чин и злосторство“ и дека многу од сторителите се осудени во судска постапка, но дека и денес е „потребно соочувањето со вистината“.
Рече дека како млад правник работел на истрагата за злосторствата во Сребреница кога тој тим бил партнер од Владата на Србија, а целта е ова да биде резултатот и сега – дека постои партнерство со Србија и дека сите се соочуваат со вистината.
„Тогаш Владата на Србија ни гарантираше безбедност и тогаш претставниците на ОН беа со нас додека ја баравме вистината. Тоа го правиме и денес, и мораме да се соочиме со вистината. Тогаш бевме партнери и треба да бидеме сега“, изјави американскиот функционер.
Зборувајќи за резолуцијата во Сребреница, Вучиќ рече дека е крајно загрижен, бидејќи знае дека оваа резолуција ќе ги наруши односите во регионот. Посочи дека Србија ќе се бори против усвојувањето на резолуцијата за геноцид во Сребреница во Генералното собрание на ОН.
„Знаеме дека сме мали, знам дека покрај мене Америка е велесила, но ќе се спротивставиме на ова насилство врз српската држава и српскиот народ“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција по средбата со О’Брајан.
Американскиот функционер истакна, во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, дека меѓународната политика кон српската заедница на Косово почива на исполнувањето на ветувањата и формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО). на што инсистира Белград.
„Доколку постои загриженост (на Србија) дека меѓународната заедница не ја исполнува својата обврска, ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ да го исполниме нашето ветување кон себе и кон другите“, тврдеше О’Брајан.
Американскиот дипломат не ги коментираше континуираните обвинувааа на Белград постојано обвинува дека властите во Притшина со години не ги исполнуваат обврските од Бриселските договори меѓу двете страни, како и за насилствата и терерот од албанските власти врз српското население на северот од областа.
Српскиот претседател претходно изјави дека Србија се наоѓа во исклучително тешка политичка ситуација бидејќи „плаќа висока цена“ поради нејзината геополитичка положба, пред сѐ нејзиниот однос кон конфликтот во Украина, санкциите што не сака да ги воведе кон Русија и поради нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, која откако во 2008 година еднострани прогалси независна Република Комисија со покровителство на западните земји предводени од САД сега има силна меѓународна поддршка, вклучително и поддршка за прием во Советот на Европа.
Белград е загрижен бидејќи смета дека станува збор дека поради споменатите прашања Западот предводен од САД сака да го обвини целиот срспки народ, и предупредува дека Западот избегна ова прашање да го постави во Советот за безбедност на ОН, каде може да биде ставено вето од Русија или Кина, и се надева дека во Генералното собрание ќе ја добие наклонетоста на муслиманските земји.