(ВИДЕО) САД објавија дека се ослободиле од телото на ал-Багдади

Локацијата на операцијата на американските сили за ликвидацијата на Абу Бакр ал-Багдади во сириската покраина Идлиб, 27 октомври 2019 година/ © AP Photo/Ghaith Alsayed

Соединетите држави „се ослободија“ од телото на ликвидираниот водач на џихадистичката организација Абу Бакр ал-Багдади, изјави во понедленикот Марк Мили, шеф на здружениот комитет на началниците на генералштабовите на САД.

„Неговите останки беа уништени според прописите“, рекол Мили.

Претходно телевизијата Fox News пренесе дека посмртните останки на ал-Багдади биле погребани во море. Исто така, во море беше погребан со верски исламски обред и ликвидираниот основач и водач на терористичката мрежа Ал Каеда, кого американските специјалци го убија во операција изведена ноќта кон 2-ри мај 2011 година во пакистанскиот град Аботабад.

Зборувајќи за доказите за ликвидацијата на водачот на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, генералот Мили вети дека САД ќе го презентираат фото и видео материјалот од операцијата, откако од нив ќе биде симната ознаката за доверливост.

Додал и дека специјалците во северната сириска покраина Идлиб уапсиле две лица кои во моментов се под надлежност на САД во заштитен објект. Мили, исто така, рече дека биле запленети извесни материјали, но одбил да каже поединости. Генералот истакна и дека Вашингтон во текот на поперациите се координирал со војските на други земји.

Претходно во неделата американскиот претседател Доналд Трамп ја објави ликвидацијата на Абу Бакр ал-Багдади во Сирија и притоа им се заблагодари на милицијата на сириските Курди, на Сирија,. Ирак, Турција и на Русија за содејство во операцијата. Подоцна, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков рече дека Мосвка немала известување и не поседува веродостојни информации за операцијата на американските сили за „уште една ликвидација“ на челникот на Исламската држава.

Кремљ, чијашто војска уште ланското лето објави дека ал-Багдади „веројатно“ загинал во воздушен напад на руската авијација во Сирија, соопшти дека доколку се потврди смертта на лидерот на Исламската држава може да се зборува за сериознито придонес на Доналд Трамп во борбата против меѓународниот тероризам.