САД објавија крај на суспендирањето на сојузничките вежби на Корејскиот полуостров

© AP Photo / Jacquelyn Martin

Американскиот министер за одбрана Џим Матис го прогласи во вторникот крајот на запирањето на сојузничките воени вежби на Корејскиот полуостров што беше „знак на добра“ волја по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во јуни во Сингапур, кога Пјонгјанг запре со нуклеарните и ракетни тестирања, и демонтираше еден од своите нуклеарни полигони.

„Како што знаете, одлучивме да ги прекинеме најважните воени вежби како знак на добра волја по самитот во Сингапур“, рече американскиот министер за надворешни работи Џим Матис на прес-конференција

Изјавата доаѓа во периодот кога преговорите за денуклеаризацијата на Северна Кореја тапкаат во место. Пјонгјанг е незадоволен од тоа што Вашингтон не отстапува, дури и ги засилува економските санкции против него, а американскиот претседател Доналд Трамп деновиве ја откажа посетата на својот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја, образложувајќи ја одлуката со слабиот напредок во преговорите за денуклеаризацијата.

Шефот на Пентагон не сакаше во вторникот да каже кога заедничките американско-јужнокорејски воени вежби ќе предолжат. Рече само дека воените функционери пред каква и да е одлука ќе се консултираат со американските дипломати задолжени за преговорите со Пјонгјанг.

„Засега нема да ги продолжиме. Ќе видиме како течат преговорите и тогаш ќе донесеме одлука“, рече Матис.

Вашингтон во јуни објави дека „на неодредено време“ ги прекинува главните масивни зеднички воени маневри со Јужна Кореја, коишто Северот секогаш ги доживува како подготовка за инвазија против него и реовно одговара со нуклеарен тест или со лансирање балистички интерконтинентални проектили. Во Јужна Кореја се стационирани постојано 28.500 американски војници од примирјето во 1953 година на Корејската војна и поделбата на полуосторв.

На прашањето дали вежбите ќе продолжат на пролет, како и секоја година, Матис беше претпазлив. „Засега не донесовме никаква одлука, ќе разговараме со Стејт департментот“, одговори.

Матис во одвоено прашање, исто така, ја отфрли идејата дека американските сили ќе се повлечат од Авганистан и дека би ги замениле приватни полувоени компании. „Кога Американците ги ставаат на коцка својата веродостојот, приватизацијата не е мудра идеја“, остакна.

Министерот за одбрана рече и дека САД се загрижени од фактот што Турција, која инаку беше одбиена во намерата од своите западни партнери, го купи напредниот руски антиракетен систем С-400 кој не може да се интегрира во НАТО.

Исто така, Матис спомена дека неодамна „разговарал со Русија“ за наводното користење на хемиското оружје во Сирија, откако Москва обвини дека САД преместуваат војски на Блискиот исток додека сириската џихдистичка група Хајат Тахрир ал-Шам, поранешна Џебхат ан-Нусра, со помош на британското разузнавање и паравоена компанија преместува хемиско оружје во сириската покраина Идлиб за да исценира напад со хемиско оружје за кое ќе бидат обвинети владините сили и ќе се предизвика западен удар врз Сирија. „Комуникацијата (со Русија) трае“, рече кусо Матис.