САД: Обвинети 49 руски дипломати

Тужбата е поднесена во сојузниот суд на Менхетн и во истата се наведува дека обвинетите поднесувале лажни пријави за медицинска нега за бремени жени, новороденчиња и мали деца, додека во исто време оделе на луксузни патувања и купувале скапа гардероба и најнови електронски уреди.

Дипломатите, според сојузното обвинителство, пријавувале пониски приходи за да се квалификуваат за програмата за помош на сиромашните.

Од 49 руски државјани кои се обвинети, 25 се акредитирани дипломати, а 24 се нивни сопруги. Од нив 11-мина се’ уште живеат во САД.

Измамата најверојатно се случила во период од 2004-та до август оваа година, а за сега никој од обвинетите не е уапсен.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, изјавил дека кривичните пријави против руските дипломати и нивните сопруги во Њујорк не се ништо освен „евтин ПР потег, ништо освен желбата да се исполни налогот на русофобните сили во САД“.