САД очекуваат повеќе информации за апсењето на поранешниот маринец во Русија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД се надеваат дека наскоро ќе имаат пристап до Американeцот кој е приведен под обвинение за шпионажа и оти ќе бараат негово итно враќање доколку се утврди дека е неосновано уапсен.

– Јасно им предочивме на Русите дека очекуваме повеќе информации за обвиниенијата со цел да сфатиме за што се товари американскиот државјанин, посочи Помпео.

Пол Велан на 28 декември е уапсен во Москва, а според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тој е приведен „во текот на шпионска операција“.

– Ако неговото притворање не е примерно ќе бараме итно да биде вратен, посочи Помпео.

Велан е поранешен маринец од Мичиген, а неговиот брат тврди дека тој отпатувал во Москва како гостин на свадба.