САД од Турција побара да го ослободи поранешниот научник на НАСА

По ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон од турски затвор, САД од Турција побара и ослободување на поранешен научник на НАСА.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара денеска од Турција да го ослободи од затвор др.Серкан Голџе , кој има турско – американско државјанство и е поранешен научник во НАСА. На само неколку дена по ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон , Помпео на средбата со шефот на турската дипломатија , Мевлут Чавушоглу, побарал ослободување и на научникот.

Помпео се сретна и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со кого разговарал за убиството на новинарот на Вашингтон Пост , Џамал Кашоги , кој е крвнички егзекутиран во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Научникот Голџе бил уапсен за време на неуспешниот обид за државен удар во Турција во јули 2016 под сомнение за негова поврзаност со проповедникот Фетула Ѓулен , кој е во егзил во САД и се смета за главен организатор на државниот удар.

Научникот бил во посета на семејството во Турција во време на обидот за државен удар и негора каква било поврзаност со политичките настани . Минатиот месец судот му ја намали казната на 5 години затвор.