САД одобрија продажба на ракетните системи Patriot на Турција

Американскиот Стејт департмент ја одобри во вторникот можната зделка со Турција за продажба на системите за противракетна одбрана „Patriot“ со опреме во износ од 3,5 милијарди долари, соопшти Пентагон.

Анкара побара одобрение за набавка на четири комплети со 20 ракетни лансери и 80 ракети за пресретнување проектили.

„Турција ќе ги користи противвоздушните системи Patriot за јакнење на својот потенцијал на противракетната одбрана, за заштита на својот територијален интегритеет и одвраќање на регионалните закани“, се ведува во соопштението на Агенцијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста при американското министерство за одбрана.

Се истакнува, исто така, дека евентуалниот договор ќе им овозможи на сојузниците во НАТО да изведуваат обуки и дејствија на територијата на Турција.

Соопштението од Пентагон доаѓа во атмосфера на зголемени турско-американски тензии по голем број прашања, вклучително и поради плановите на Анкара да ги купи напредните противвоздушни пректили С-400 од Русија. Во декември 2017 година Русија и Турција потпишаа кредитен договор за испорака на четири одделенија од споменатите ракетни комплекси за вкупна сума од 2,5 милијарди долари. Овој договор предизвика вознемираност и осуди од САД и сојузницит во НАТО, а Вашингтон воведе одредени санкции кои го погодија турскиот финансиски сектор. Особено, договорот за набавка на системите С-400 беше одбивањето на САД да ги испорача договорените и платените борбени авиони „F-35“ на Турција.

Турција ја има втората по големина армија од земјите членки на НАТО, а вообичаено од земјата членка на воениот сојуз се очекува да купува компатибилни оружени системи, забележуваат западните сојузници. Воопшто, во НАТО единствена руска опрема којашто се користи е онаа којашто преостана во земјите од поранешниот Варшавски пакт. Постари руски противвоздушни системи, коишто прв ги набави Кипар, има и Грција.

Откако пред три години ги влоши односите со администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама поради вооружувањето на милицијата на сириските Курди Единици за заштита на народот (YPG) кои Анкара ги смета за блиски на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во Турција, и помирувањето со Москва, Турција воспоставува потесни стратешки врски со Русија.

За некои западни аналитичари, договорот со Русија претставува јасна порака од Анкара за НАТО откако САД и Германија ги повлекоа своите противракетни батерии „Patriot“ од Турција, како и другите земји од Алијансата, од границата кон Сирија. Турција во 2015 година бараше од неколку земји на НАТО да ги задржат овие системи на турско-сириската граница.

Турската одлука да ги набави руските системи С-400 има и практична и политичка порака, и неизбежно ќе биде разгледувана како уште еден знак на постепеното оддалечување на Анкара од нејзините западни сојузници. Турција веќе неколку години настојува да набави нови противвоздушни системи. Пред пет години разгледуваше набавка и заедничко производство на кинески ракетни системи, но по притисокот од НАТО се откажа од оваа зделка. Турција во ноември 2015 година, токму во периодот на заострувањето на односите со Русија, го откажа големиот договор во износ од 3 милијарди евра кој пред две години ѝ беше доделен на Кина, за да ја опреми турската армија со проектили „земја-воздух“, а беше предвидено и заедничко производство, на што се спротиставуваше Вашингтон.

Договорот склучен во 2013 година на големо изненадување, особено на западните сојузници на Турција од НАТО, ја доби компанијата „China Precision Machinery Export-Import Corporation“ (CPMIEC), што предизвика жестоки реакции на САД. Турција под притисокот од сојузниците во НАТО две години подоцна реши да го поништи договорот, наводно поради оглушувањето на кинеската страна да ја усогласи својата технологија во текот на повеќемесечните преговори. Оттоаш Анкара планира да „произведува сопствени ракети, со поддршка на светски признат систем во вооружувањето“.

По доделувањето на зделката за набавка на ракетен систем на Кина во 2013 година и загрижените предупредувачки реакции на САД и на НАТО, Турција тогаш објави дека за тоа е во преговори со Франција, чијашто понуда била полоша од кинеската, но владата откри дека немало нови понуди од западните земји. Системот требаше да биде интегрирани во одбранбениот комплекс на Турција и да се користи без интегрирање во НАТО.

Тендерот за набавка на противвоздушен ракетен систем со долг дострел, инаку Турција го објави уште во 2009 година, а во септември 2013 година беше објавено дека најдобра понуда дала кинеската компанија CPMIEC, која ги победи американските, европските и руските конкуренти. САД тогаш изразија загриженост од тоа што Турција како членка на НАТО се одлучила да соработува со кинеската компанија „China Precision Machinery Import & Export Corp“ (CPMIEC), компанија којашто е под американски санкции поради наодното прекршување на договорот за неширење оружје, односно воена соработка со Иран, Северна Кореја и со Сирија. Притисокот од НАТО врз Анкара предизвика резултатот од оваа понуда за јавна набавка да биде поништен. Меѓу другите, овој тендер претендираа да го добијат американската компанија „Raytheon & Lockheed Martin“ и европскиот концерн „Eurosam“.

Експертите сметаат дека со овој потег Турција сакаше да обезбеди самостојна заштита во регионот, од опасностите кои за неа потенцијално ги претставуваат немирниот Ирак и Курдите кои таму добија автономија а може да се случи тоа да го сторат и во соседна Сирија кои би соработувале со турските Курди кои сакаат отцепување, потоа секогаш непријателски расположената Сирија, како и Иран, кој и покрај некои приближување сѐ уште нема воспоставено потопли односи со Анкара. Се сметаше, исто така, дека со самото тоа што Турција ќе соработуваше со Кина, тоа ќе значи и дека ќе биде насочена на соработка и со Русија, имајќи предвид дека најавениот кинески систем за противракетна одбрана се темели на застарена руска технологија, и за негово модернизирање Анкара ќе треба да ѝ се обрати директно на Москва.