САД по една година го признаа убиството на цивили во Сомалија

Американската војска убила два цивила во текот на воздушниот напад минатата 2018 година врз исламистичката терористичка групација ал-Шабаб во Сомалија, објави во петокот американската команда за Африка (Africom).

Цивилите биле убиени во текот на воздушен напад во близина на градот Ал Бур на 1-ви април 2018 година, во кој биле убиени и четворица териристи, наведува Africom.

По грешката, Africom е известен за несреќните случаи дури една година подоцна, на 30-ти март 2019 година, се наведува во изјавата, без да се објасни дали станува збор за единечен веков случај.

Во меѓувреме американската команда ги известила властите во Сомалија дека се случил пропуст. „Доколку дошло до загинување на невини луѓе, се обврзуваме на транспарентност и ќе учиме од трагичниот случај за да го спречиме тоа во иднина“, изјави претставникот на Africom, генералот Грег Ослон.