САД по инсистирање на Кина ја убедиле Полска да не ѝ предава на Украина авиони „МиГ-29“

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден на барање на Кина во март годинава ја принудила Полска да се откаже од испораката на советските ловци „МиГ-29“ на Украина, пишува британскиот магазин The Spectator повикувајќи се на свои извори во Пекинг.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Кина одигра одлучувачка, иако во јавноста малку позната, улога во стратегиското одлучување и во Вашингтон и во Москва, се наведува во написот.

Во написот се тврди дека Вашингтон во почетокот ја поддржувал идејата за снабдување на Киев со советските ловци „МиГ-29“ во составот на полското воено воздухопловство, но подоцна ја ревидирал својата позиција по итните инсистирања од Пекинг. Се наведува дека бројни поранешни политичари од некои европски земи се придржувале до таквиот став, што исто така влијаело врз американската одлука.

Во написот на The Spectator, кој ја преиспитува поддршката на Пекинг за руската воена операција, се наведува и дека во замена за американските гаранции, Кина се обврзала да ја убеди Русија да не користи нуклеарно оружје во војната во Украина.

Имено, од септември имало бран на лични дипломатски контакти на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји со НАТО и САД довело до реткиот момент на јавен договор за Русија, кога кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека светот „треба да спречи нуклеарна криза на евроазискиот континент“ во текот на средбата со Џо Бајден на самитот на Г20 на Бали.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.