САД почнаа воздушни напади врз џихадистите во Ирак

САД денеска извршија четири воздушни напади врз позициите на џихадистичката организација Исламска држава (ИД) во Ирак, соопшти Пентагон.

– На барање на ирачката Влада, американската војска денеска изврши координирани воздушни напади врз терористите на ИД во близина на браната Хадита во провинцијата Анбар, изјави портпаролот на Пентагон, адмирал Џон Кирби.

Тој истакна дека нападите се извршени со цел да се спречат џихадистите да ја загрозуваат безбедноста на браната која е под контрола на ирачките безбедносни сили, помогнати од сунитските племиња.

Ова се први напади во западната ирачка провинција Анбар откако САД минатиот месец започнаа воздушни напади врз силите на ИД во северниот дел на Ирак.

ИД освои големи делови од северен Ирак и соседна Сирија и на таа територија прогласи исламски калифат.