САД почнуваат да го користат новото име „Република Северна Македонија“

Владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името на државата во Република Северна Македонија, информираат од Амбасадата на САД во Скопје.

Владата на САД денеска доби официјално известување за промената на името на Република Северна Македонија. Во согласност со тоа, ние веднаш ќе почнеме да го користиме новото име и ќе го започнеме процесот за промена на референците на интернет страниците, официјалните документи и други места, објави на својот твитер-профил Американската амбасада.