САД почнуваат со забраната за влез за државјаните на шесте земји

Американските агенции започнаа ноќта кон петокот по средноевропско време со имплементацијата на привремената забрана за влез на бегалци и државјаните на шесте доминантно муслимански земји којашто ја воведе претседателот Доналд Трамп, соопштија високи функционери.

Американскиот Врховен суд претходно седмицава ги дозволи некои од аспектите од извршниот указ на претседателот Доналд Трамп, додека се очекува сослушувањето за целиот случај.

Мерката за забрана за влегување на бегалците и државјаните на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен на сила стапи во американските конзуларни канцеларии ширум светот во 8 часот навечер по локално време во Вашингтон, објави претставничка на Стејт департментот.

„Тесно соработувавме со нашите меѓуагенциски партнери за да осигуриме тоа уредно да се изврши“, додала.

Деветчлениот Врховен суд на САД во понеделникот најави дека ќе ги сослуша аргументите најрано во октомври, а до тогаш укинува дел од налозите со коишто судовите на пониско нив во март го блокираа указот на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.