САД под налетот на четвртиот бран на коронавирусот, предупредува епидемиолог

Соединетите држави се соочуваат со четвртиот бран во епидемијата на коронавирусот, предупреди во неделата епидемиологот Мајкл Остерхолм, професот на Универзитетот Минесота.

Претходно на почетокот од седмицата челничката на американскиот Центар за превенција и контрола на болестите (CDC), Рошел Валенски го споменат „чувството на непосредната смрт“ во контекстот на инциденцата на Covid-19 во земјата и изрази загриженост од можен ткн четврти бран на пандемијата.

Во интервјуто емитувано во неделата на американската телевизиската мрежа Fox News, Остерхолм се согласи со констатацијата за четвртиот бран на коронавирусот во САД, „Мислам дека е така“, рече реномираниот епидемиолог.

„Сметам дека во извесна смисла се наоѓаме во речиси нова пандемија. Единствената добра вест е дека сегашните вакцини се ефикасни против конкретниот (британски) сој B.1.1.7“, истакна Остерхолм.

Предупреди, исто така, дека британскиот сој почесто ги заразува децата и ги прави носители на вирусот, што во САД не било забележано кога се ширеше оригиналната верзија на коронавирусот.

„Децата сега се заразуваат на исто ниво со возрасните, ефикасно пренесеувајќи го вирусот“, истакна Остерхалм предупредувајќи дека во таква ситуација треба да се ревидираат плановите на власите за работењето на училиштата.

Предупреди, исто така, дека британскиот сој почесто ги заразува децата и ги прави носители на вирусот, што во САД не било забележано кога се ширеше оригиналната верзија на коронаворусот.

„Децата сега се заразуваат на исто ниво со возрасните, ефикасно пренесеувајќи го вирусот“, истакна Остерхалм предупредувајќи дека во таква ситуација треба да се ревидираат плановите на власите за работењето на училиштата.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ги сумира и вкрстува информациите од федералните и локалните власти, како и од медиумите и други отворени извори, во САД се регистрирани повеќе од 30,6 милиони случаи коронаинфекции, од кои починале повеќе од 554.000 луѓе, со што земјата е на првото место во светот.