САД подготвени за преговори со Иран без предуслови, Трамп го повика Техеран „да не ги убива“ демонстрантите

Челникот на Пентагон, Марк Еспер, изјави дека САД се подготвени за преговори со Иран без претходни услови, а иствремено американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските власти „да не ги убиваат“ демонстрантите кои протестираа во Техеран поради уривањето на украинскиот патнички авион во средата утрото со 176 патници и членови на екипажот.

„Ние сме подготвени да седнеме на преговарачката маса и да разговараме, без никакви предуслови, за нов пат напред, со редица чекори“, изјави Еспер во програмата на телевизиската мрежа CBS News. Американскиот министер за одбрана верува дека тие чекори ќе му помогнат на Иран да се подобри.

Еспер, исто така, повтори дека САД не жалат за ликвидирањето во Багдад на командантот на елитните ирански единици Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани, бидејќи сега Соединетите држави се „побезбедни“, но тоа не значи дека не треба да бидат внимателни кон Иран. Како што објасни, „на рацете на Сулејмани имаше крв на стотици американски војници“.

Претходно во неделата американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските власти да го „запрат убивањето“ на демонстрантите, да го воспостават функционирањето на интернетот во земјата и да им дозволат на новинарите слободно да се движат низ целата земја.

„До водачите на Иран – не ги убивајте демонстрантие. Веќе убивте и затворивте илјадници, светот тоа го гледа. Уште поважано, тоа го следат САД. Повторно вклучете го интернет и дозволете им на новинарите слоббодо да се движат (низ земјата)! Запрете го убивањето на вашиот прекрасен ирански народ!“, напиша Трамп на Twitter.

Во саботата, исто така, на Twitter Трамп на фарси јазикот ги поддржа демонстрантите. Како што напиша американскиот претседател, иранските власти „мора да им дозволат на групите за човекови права да ги следат и да известуваат за фактите“, од протестите во земјата.

Стотици студенти се собраа во саботата вечерта во зградата на универзитетот „Амир Кабир“ во Техеран во чест на загинатите во несреќата со украинскиот патнички авион. Собирот се претвори во протест кој го растури полицијата, пренесе иранската агенција Fars.

Подоцна мирниот собир прерасна во демонстрации, на кои учествивале според процените на медиуми меѓу 700 и илјада студенти, кои скандирале „радикални пароли“ со кои барале оставки и прогон на одговорните за трагедијата со уривањето на авионот. Спроед агенцијата Fars, демонстрантите уништиле портрет на неодамна убиениот во американски напад во Багдад командант на иранските специјални сили, генералот Касем Сулејмани.

Во неделата иранското министерство за надворешни работи го повика на разговор британскиот амбасадор во Техеран, Робeрт Мекер и го обвини за учество во „противзаконските демонстрации“ во саботата вечерта.

„Учеството на Мекер немаше никаква врска со неговата улога на бритснаки претставник и беше против дипломатските прописи и норми“, му било кажано на амбасадорот во министерството, пренесува државната новинска агенција IRNA.

Амбасадорот Мекер претходно во неделата рече дека учестувал на „бдение за жртвите“ во украинскиот авион соборен по грешка од иранските сили. Тројца од патниците биле британски државјани.

Во неделата пред британската амбасада во Техеран демонстранти го запалија британското знаме и бараат протерување на Мекер.

Припадници на иранската паравоена организација Басиџ, која е поврзана со елитната Револуционерна гарда, протестираа во неделата пред британската амбасада и бараа таа да биде затворена, пренесуваат иранските медиум. Тие се собраа откако британскиот амбасадот во саботата накусо беше притворен во текот на антивладините протести, пренесува Reuters. Британското министерство за надворешни работи го осуди неговото притворање како „грубо кршење на меѓународното право“, но не го коментираше неговот учество на протестите.

Претходно агенцијата Tasnim извести дека амбасадорот Мекер е уапсен пред универзитетот „Амир Кабир“ и бил држен во притвор неколку часа поради поттикнуват на антивладини протести. Амбасадорот бил ослободен набрзо откако бил утврден неговиот идентитет. Приведен бил како странец осомничен за учество во „неодобрен собир“, напиша на Twitter заменикот на иранскиот шеф на дипломатијата, Абас Арагши.