САД подготвуваат протоколи за работа на фабриките за контрола на коронавирусот

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп разработува протоколи за проверка на работниците за да се осигура континуирана работа на фабриките во земјата, во време кога САД се соочуваат со коронавирусна епидемија.

-Се разработуваат најдобрите процедури за фабриките да продолжат со работа. Треба да употребиме соодветни протоколи и различни видови на фиизичко растојание. Треба да се реконфигурираат фабриките, треба да се употребуваат методи како термосканери за да се следи дали (работниците) имаат треска како доаѓаат на работа, изјави Питер Наваро, советник за трговија на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.