САД: Поради недостиг во арсеналот, испораката на тенкови за Украина ќе трае повеќе месеци

Соединетите држави во моментов не располагаат со дополнителни единици од тенковите „Abrams“ од модификацијата М1А2 за итна испорака во Украина, така што процесот на предавање ќе потрае неколку месеци, бидејќи тенковите треба да се откупат од производителите, истакна во четвртокот на редовниот брифин во Пентагон, портпаролката Сабрина Синг.

„Едноставно немаме дополнителни такви тенкови во американскиот арсенал, поради што ќе бидат потребни неколку месеци за да испорачаме таквите тенкови Abrams M1A2 во Украина“, рече Синг.

Според неа, неопходно ќе биде „да се купат тенковите за Украина“ од компаниите производители. Синг, исто така, потврди дека станува збор за напредните тешки борбени тенкови „Abrams“ во модификацијата M1A2

„Но не зборуваме за одложување, едноставно ги немаме овие тенкови Abrams M1A2 во нашите залихи за да им ги предадеме на Украинците во моментов“, појасни заменичката на портпаролот на Пентагон.

Претходно во четвртокот весникот Politico, повикувајќи се на сопствени одбранбени извори, објави дека Вашингтон има намера на Киев да му ги предаде тенковите во подобрена модификација „Abrams M1A2“. Сепак, станува збор за извозната верзија на тенкот, којашто не ги вклучува оклопните комплети чијашто технологија е под ознаката за тајност и кои ги користи само американската војска. Како што се појаснува во написот, тоа се должи на фактот што федералните регулативи на САД забрануваат испорака на таквите модификации со тајни елементи во странство.

 

Експертите ги проценуваат перформансите на „Abrams“-ите во Украина

Американските функционери и воени стручњаци предупредуваа и порано дека тенковите „Abrams“ се тешки за одржување. Истакнаа дека е тешко да се оспособат Украинците да ги користат овие оружја опремени со напредна технологија. Покрај тоа, се потсетува дека овие тенкови користат големи количества гориво и тоа керозин, што значително ја отежнува нивната логистика, сложени се за ремонт, и тешко за меката украинска почва во моментов на боиштето, поради што се лош избор во оваа фаза од војната.

На процените дека американските тенкови би можело да претставуваат голем проблем за Украина, се надоврза и анализата на магазинот Newsweek, во чиј осврт се наведува дека и покрај големата огнена моќ, брзината и заштитата, овие тенкови имаат бројни важни карактеристики кои украинската војска ќе мора да ги земе предвид.

Како еден од големите проблеми анкетираните експерти ги наведуваат моторите со гасни турбини на американските тенкови, кои „жедно го голтаат“ горивото, па оттаму неопходен е огромен логистички синџир за постојано полнење.

„Во Украина генерално има проблем со горивото, дури и кога станува збор за обичниот дизел. Кога престојував таму во јули, видов долги колони автомобили и празни бензински станици“, вели специјалистот за урбани борби Џон Спенсер, пензиониран мајор на американската армија.

Капетанот на маринскиот корпус на армијата на САД и поранешен функционер во Стејт департментот, Метју Хох, вели дека обуката на американските војници за управување со „Abrams“-ите ќе потрае значително време. И според него, проблематична е и способноста на украинската војска да обезбеди гориво не само за тенковите, туку и за сите други возила кои се вклучени во логистиката на самите борбени возила.

Претходно седмицава поранешниот советник на челникот на Пентагон, пензионираниот армиски полковник Даглас Мекгрегор оцени дека тенковите „Abrams“ имаат „мноштво проблеми“, особено за другите армии.

Моделот „М1 Abrams“ е главен американски борбен тенк кои се произведува во 1980 година. Вклучен е во составот на армијата и американскиот марински корпус, како и во вооружените сили на Египет, Австралија, Мароко и повеќе земји на Блискиот исток, а негови нарачки најави Полска и други европски земји. Именуван по генералот Крејтон Абрамс, тој во моментов е еден од најтешктие тенкови, со борбена маса од на 62 тони.