САД: Постигнат договор за пакет помош од 2.000 милијарди долари

Претставници на Белата куќа и Сенатот постигнаа договор рано утрово, со кој се предвидува огромна помош на деловните субјекти, работниците и здравствениот систем, најмногу погодени од пандемијата во износ од 2.000 милијарди американски долари.

Тоа е најголемата мерка за спасување на економијата во американската историја што се движи кон рецесија. Информацијата за договорот ја објави високиот советник на Белата куќа, Ерик Уланд, непосредно по полноќ, додавајќи дека се уште треба да се финализира.

Според американски медиуми, пакетот мерки предвидува директни плаќања на повеќето Американци до 3.000 американски долари по семејство, 500 милијарди американски долари помош во индустријата, 350 милијарди американски долари за мали бизниси, 250 милијарди долари за бенефиции за невработени и најмалку 75 милијарди американски долари за болници.

– После неколкудневни интензивни преговори, Сенатот постигна договор за историскиот пакет помош за оваа пандемија. Тој ќе ги насочи новите ресурси кон првите редови на борбата за здравствена заштита на нашата нација, рече главниот преговарач Мич Меконел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.