САД потврдија воздушен удар врз талибаните во Авганистан

Американските воздухопловни сили по 11 дена во средата го извршиле првиот воздушен удар врз борците на авгснистанското радикално исламистички движење Талибан, во авганистанската покраина Хелманд, и според американската команда во земјата нападот имал одбранбен карактер.

„САД нанесоа воздушен удар врз талибанските милитанти на 4-ти март, кои извршија активни нападо врз контролен пункт на авганистанските вооружени сили во округот Нахр-е-Сараџ во покраината Хелманд. Станува збор за дефанзивен удар, неопходен за прекинување на нападот. Ова беше наш прв напад врз талибаните во изминатите 11 дена“, напиша на Twitter портпаролот на американските сили во Авганистан, полковникот Сон Легет.

Во пораката додава дека американските сили ги повикуваат талибаните „да запрат со непотребните напади и да се придржуваат на обврските“ кои произлегуваат од неодамна постигнатиот амариканско-талибански договор кој треба да доведе до целосно повлекување на странските војски од Авганистан.

Талибаните во понеделникот најавија прекин на ткн „редуцирано“ примирје воведено на 22-ри февруари, и продолжување на офанзивата против авганистанските безбедносни сили, два дена по потпишувањето на договорот од Доха. Порачаа дека нема да преговараат со авганистанската влада сѐ додека нивните 5.000 луѓе не бидат пуштени од затворите. Со договорот од саботата САД и талибаните се обврзуваат да даботат на ослободување на борците и политичктие затворенции во рамките на мерките за градење доверба.

Најмалку 20 авганистански војници и полицајци биле убиени во низа напади во текот на ноќта кон средата од страна на талибанските борци, јавуваат локалните медиуми. Сафуиула Амири, заменик на челникот на провинцискиот совет на Кундуз, во средата изјави дека талибанските милитанти изминатата ноќ нападнале најмалку три пункта на армијата во округот Имам Сахиб. Талибаните од своја страна соопштија дека извеле десетина напади врз бази на авганистанските безбедносни сили во 13 од 34 покраини во земјата.