САД повеќе од двојно го зголемиле увозот од Русија

Соединетите држави во октомври годинава за повеќе од двојно го зголемиле увозот на стоки од Русија во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на американското биро за статистика објавени во вторникот, а слични се и податоците за трговската размена на земјите од Европската унија и покрај санкциите без преседан кои ги воведоа западните сојузници поради руската инвазија во Украина.

Според објавените податоци, американскиот увоз на руски стоки се зголемил на 732 милиони дилари, што е највисоката сума забележана последните пет месеци. Во септември обемот на рускиот извоз во САД изнесувал 332,1 милиони долари, а во мај ги достигнал рекордните 1,126 милијарди долари.

Притоа, извозот на американски стоки во Русија во октомври се мамалил во однос на септември од 90,4 на 80,1 милиони долари, според истиот извор. Севкупно, споредено со јануари годианва, обемот на извозот од САД е намален за 316 милиони а на увозат од Русија за 1,2 милијарди долари.

Истовремено, показателите укажуваат и дека земјоте од Европската унија го зголемуваат увозот на руски стоки.
Така, според достапните податоци за август, Португалија за дури десет пати ја зголемила набавката на продукти од Русија, Франција за четири а Германија си го вратила првото место на листата главни увозници од Русија, анализира агенцијата РИА без посочување на секторите, а според податоците од нациналните статиситчки бироа на ЕУ.

На пример, во февраурот обемот на рускиот извоз во Франција биле на нивото од 1,8 милијарди евра, но по руската инвазија во Украина и воведувањето на западните санкции во следните пет месеци бележел континуиран пад. Но сепак во август овојо показател се зголемо за 25 отсто на месечно ниво и достигнал 1,1 милијарди евра.

Според овие показатели, и другите европски земји ги зголемиле набавките на руските стоки, и тоа најмногу Португалија за 9,4 пати на 79 милиони евра, што е мала сума но укажува дека увозот претходно бил речиси незначителен. Зголемување на набавките на руски стоки, бележат и Латвија за 44 отсто, Австрија и Шпанија за по 27 отсто, Грција за 15 а Словачка за 6 отсто.

Од друга страна, пак, некои земји од ЕУ драстично се откажале од увозот на производи од Русија, а предничата Словенија со дуро 60-процентно намалување, додека падот кај Ирска изнесува 63 отсто во август во однос на предвоениот период.

Германија, којашто важеше еден од најголемите европски трговски партнери на Русија особено во сферата на енергетиката, во август повторно станала главен увозник на руски стоки на континентот, откако во јули во тоа беше надмината од Италија, и вреднаста на руските испораки изнесуваче 2,7 милијарди евра наспроти 2 милијарди во Италија. Трета е Холандија со увоз вреден 1,5 милијарда евра.

Пет европски земји во август го зголемиле и извозот на свои стоки во Русија. Овој показател најголем скок има кај Кипар за 6,7 пати. Унгарија го зголемила извозот на свои стоки на рускиот пазар за 23 отсто во однос на претходниот месецц, Белгија за 19 а Германија за 13 отсто. Литванија, пак, гги зголемила своите испораки во Русија за 2 отсто, што претставува највисоко ниво од февруари во изност од 292 милиони евра.

Најголеми кастрења во август на испораките на своите стоки во Русија бележат Шведска со пад од 40 отсто, како и Ирска и Шпанија со по 39 отсто.

Германија и Италија остануваат и натаму главните добавувачи на стоки во Русија. Германскиот увоз во август достигнал 1,15 милијарди евра, а италијанскиот 462 милиони евра. Ги следи Полска со извоз во износ од 342 милиони евра.