САД предупредуваат на „брза реакција“ доколку венецуелската власт го притвори Гуаидо

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вети „брза реакција“ на САД доколку постои каква било закана за лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо.

Денеска се врати со авион во Каракас каде беше пречекан од илјадници поддржувачи на опозицијата во Венецуела. Меѓу оние кои го пречекаа беа и амабсадори на неколку европски и јужноамерикански држави.

„Бебзедно враќање на Гуаидо во Венецуела е од најголемо значење за САД, напиша на Twitter Пенс кога Гуаидо пристигна во Каракас.

„Какви било закани, насилства или заплашување кон него нема да се толерираат и ќе следува брз одговор. Светот гледа – Времениот претседател Гуаидо треба да влезе безбедно во Венецуела#, додаде тој.

„Веќе сме во нашата држава. Венецуела. Ние штотуку поминавме контрола и тргнуваме кон нашиот град“, објави на Гуаидо.

Венецуелскиот опозициски лидер ризикува апсење бидејќи ја напушти државата и покрај забраната за напуштање на нејзината територија. Гуаидо синоќа го предупреди претседателот Николас Мадуро дека ако се обиде да го приведе или киднапира тоа ќе биде една од неговите последни негови грешки.