САД предупредија да не му се помага на иранскиот танкер кој се движи кон Грција, од Атина велат дека нема такво барање

120

САД предупредуваат да не му се помага на иранскиот танкер кој сега се движи кон грчкото пристаниште, откако беше ослободен од Гибралтар.

Надлежните сооштија дека Иран ветил оти нафтата нема да оди во Сирија, дестинација која е забранета со санкции од Европската Унија против режимот на Башар ал-Асад.

Иран, пак, ги предупреди САД преку официјални канали да не прават какви било напори за заробување на танкерот.

Грчките власти одговорија на предупредувањата од САД испратени до властите во Атина со барање поморските служби да не му помагаат на иранскиот танкер што исплови од Гибралтар.

Како што пренесува Ројтерс, од Атина е испратена порака дека досега нивните поморски служби немаат добиено барање од екипажот на танкерот.

„Бродот се движи со мала брзина и сѐ уште нема официјално барање дека ќе влезе во пристаништето во Каламата“, се вели во изјавата на грчкиот министер за бродски соораќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.