САД предупредуваат на ‘руските напори’ да ги поделат Американците преку примерот за ананас во пицата

Американското Министерството за внатрешна (татковинска) безбедност (DHS) на примерот на актуелната расправа во тамошната јавност дали ананасот може да биде состојка при приготвувањето на пица објаснува „руските агенти“ можат да се обидат да ги „поделат Американците“, пренесува телевизиската мрежа ABC News.

Според прилогот, соодветното објаснување се појавило на сајтот на Агецијата за кибернетичка и инфраструктурна безбедност, основано во рамките на Министерството за внатрешна безбедност. Ова „буквално, шеговито предупредување“ има цел да им помогне на Американците да ги идентификуваат „пропагандистичките кампањи од Русија и другите странски непријатели“.

Во илустрираното предупредување се наведува, особено, дека за да посеат раздор во американското општество, странските агенти можат на социјалните мрежи да го засилуваат мнението дека „да не се сака ананас во пицата не е американски“. Покрај тоа, „агентите“ би можеле да прибегнуваат кон употреби на фрази како што се „милениумците ја уништуваат пицата“, наведуваат од американската агенција.

„Странските извори на влијание постојано бараат можности да ги разгорат актуелните проблеми во Соединетите држави. Тие не го прават тоа за да победат во спорот, тие сакаат да нѐ разединат“, се наведува во предупредувањето.

Од агенцијата, исто така, на шега забележуваат дека денес немаат „доказ дека Русија или некоја друга земја активно спроведува информатички операции против пицерии“. Меѓутоа, даваат низа насоки како странските агенти можеле да се препознаат на социјалните мрежи во настојувањата да ги поларизираат и заоструваат крајностите во јавните дискисии во САД.

По американските претседателски избори во 2016 година и неочекуваната победа на Доналд Трамп, одредени влијателни кругови во Вашингтон ја обвинија Русија за наводно мешење во американскиот изборен систем, што Москва упорно го негира и бара приложување конкретни докази за ваквите тврдења.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.