САД преговараат со снабдувачите за обезбедување енергенси за Европа

Соединетите државо разговараат со големи извозници на енергенси и држави произведувачи од целиот свет за да обезбедат алтернативи за испораките за Европа доколку дојде до натамошна ескалација на односите со Русија околу Украина, изјавиле американски функционери во вторникот.

Како што пренесува Reuters, во разговорот со новинарите функционерите не именували кои земји или компании би требало да осигураат неприканото испорачување енергенси во Европа до крајот на земјата, но рекле дека постои голема низа снабдувачи, а меѓу нив се оние кои го продаваат природниот течен гас (LNG), главно на американските произведувачи на гасот од шкрилци.

„Работиме на обезбедување дополнителни кубни метри природен гас а кој нема да биде руски, и тоа од целиот свет: од Северна Африка до Блискиот исток и Азија до САД“, изјавил висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Сакајќи да остане неименуван, соговорникот рекол дека разговараат со „водечките произведувачи на природниот гас од целиот свет за да се запознаат со нивните капацитети и подготвенсоста за привремена испорака на природнито гас за европските потрошувачи“.

Европска унија речиси третина од своите потреби од гас ги покрива од Русија, а американските санкци поради конфликт би ги нарушиле таквите испораки. Секое нарушување на испораките на рускиот гас дополнително ќе ја зголеми сегашната енергетска криза предизвикана од недостигот на енергенси на пазрите и растот на цените што предизвикуваат бројни протести и незадоволство во многу земји.

Но економските аналитичари и претходно предупредуваа дека снабдувањето на европските потрошувачи во постојната инфраструктура од други извори секако ќе влијае врз цените на енергенсите, а некои земји можат и да не успеат да ги обезбедат во доволни количества.