САД признаа ранување на 11 американски војници во минатонеделниот ирански напад

529

Најмалку 11 американски војници се ранети во иранскиот ракетен напад врз две американски војни бази во Ирак, соопшти во четвртокот Централната команда (CENTCOM), иако американската војска претходно тврдеше дека никој не е повреден.

Иран ноќта кон 8-ми јануари изведе напад врз ирачките бази во кои се сместени американски војници, во Аин ал-Асад и во Ербил, врз кои беа истрелани 22 балистички ракети. Иранските и ирачки медиуми тврдат дека во одмазничките напади биле убиени 80 лица, додека САД ги негираат овие тврдења, а претседателот Доналд Трамп изјави дека „сѐ е во ред“ по ракетирањата.

„Додека ниту еден американски војни не е убиен во иранскиот напад од 8-ми јануари врз воздухопловната база Аин ал-Асад, неколкумина завршија на лечење поради симптоми на потрес на мозокот од ударот на проектилите, и нивната состојба сѐ уште се проценува“, објави во писмена изјава портпаролот на CENTCOM, Бил Ербан.

Претходно овие информации ги објави изданието Defense One, пшовикувајќи се на воени извори во самите САД. Беше објавено и дека настраданите се соменвања за потрес на мозокот, потоа биле евакуирани во болници во Кувајт и во Германија.

Во текот на нападот, во бункери биле еакуира ни повеќето од 1.500 американски војници во базата Аин ал-Асад.

Според последователните извештаи американската војска призна дека во иранскиот ракетен напад била нанесена значителна материлана штета, иако првично тоа го негираше, како и дека не настрадал ниеден војник. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, по нападот рече дека „ниту еден Американец не е повреден“.

Меѓутоа, Ербан вели дека во „деновите по нападот, како мерки на предострожност, некои војници се префрлени од воздухопловната база Аин ал-Асад“. „Тогаш осум војници се префрлени во Ландштил (американска воена болница во Германија), а тројца се префрлени во Кемп Арифџан (воена база во Кувајт)“, додаде.

„Се очекува овие војници да се вратат во Ирак, откако кога ќе се процени нивната подготвеноста за враќање на служба по прегледите“, рече капетанот Ербан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.